Активен пожар вечерва има во селото Коњаре, Општината Петровец, информираат од Противпожарната единица од Скопје.
– Пожар во село Коњаре, Општина Петровец. Работиме на терен. За повеќе информации ќе ве известиме подоцна – објави на Фејсбук страницата Противпожарната единица од Скопје.
На социјалните мрежи веќе се објавуваат фотографии и видео материјали од големите пламени јазици, повикувајќи ги граѓаните да излезат и помогнат.
– Ова е катастрофа. Освен што барав брза реакција ги замолувам граѓаните да се вклучат во гасењето – напиша на Фејсбук, пратеникот Зеќир Рамчиловиќ.