Хроника 24. септември 2019. / 20:27

Пратеник од СДСМ претепал гостиварец и му го искршил автомобилот

Пратеник од СДСМ претепал гостиварец и му го искршил автомобилот

Пратеникот од редовите на СДСМ од Гостивар, Благојче Трпески, денеска физички нападнал граѓанин на Гостивар кој со своето малолетно дете го паркирал автомобилот, објави „Нетпрес“.

Освен физичкиот напад, пратеникот му го искршил и ветробранското стакло на гостиварецот. Како што информира „Нетпрес“, сето тоа го гледало и малолетното дете.

Од СВР Тетово соопштија дека триесет и тригодишен гостиварец попладнево пријавил оштетување на возилото откако претходно се расправал со сограѓанин.

Настанот во СВР Тетово бил пријавен во 15:20 часот од страна 33-годишниот М.С. од Гостивар. Тој според пријавеното, претходно го паркирал автомобилот „бмв” со гостиварски регистерски ознаки на улица „Илинденска” во близина на трговскиот центар. Набрзо, потоа Б.Т. (54) кој бил во близина реагирал по што настанала расправија.

Од полициската станица Гостивар сочинет е записник, а деталите околу случајот ќе се утврдуваат дополнително.

Во врска со овој случај се огласи и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска.