Хроника 13. февруари 2019. / 22:48

Пратеник од СДСМ го загуби својот син во страшната автобуска несреќа

Пратеник од СДСМ го загуби својот син во страшната автобуска несреќа

Синот на пратеникот од СДСМ Благојче Трпевски, Јовица, загина во страшната несреќа која што се случи попладнево на патот Тетово-Скопје.

Тажната вест ја пренесе Нова ТВ.

Во Институтот за судска медицина се идентификуваат лицата што починаа во тешката сообраќајка кај Карпалак.

Директорот на ГОБ „8 Септември“, Христијан Костов вечерва на роднините на повредените во тешката сообраќајка кај Карпалак им ги прочита имињата на згрижените пациенти. Уште еднаш нагласи дека пет лица се починати од кои три по неуспешната реанимација, но нивниот идентитет сеуште се утврдува. Од починатите четири се мажи, а едно е женско лице.