Дирекција за заштита и спасување дадоа изјава за 24 инфо, и ја открија причината за пожарот во велешко. Од ДЗС велат дека при изградба на куќа во Велес лицата кој работеле со алат кој предизвикува искри ја запалиле тревата кој од силина на ветерот почнала да се шири и настанал пожарот.
Пожарот опфатил неколку локални места во велешко а од ветерот кој од север се движел према југ го опфатил и хотел ,,Романтик” кај велешкото езеро. Засега пожарот е изгаснат и е во стабилна состојба, а екипите кој се на терен ќе дежураат да интервенираат во случај да се повтори.
Полицијата уапсила четворица осомничени а од МВР сеуште нема сеуште официјални информации за настанот.