Двојно убиство рано утринава се случи во скопската населба Топанско Поле кога напаѓачи излегле од возило и со пиштол и со автоматска пушка пукале во две лица кои седеле во паркирано возило.
ТВ21 пренесува за идентитетот на жртвите.
– Утврден е идентитетот на лицата А.Б.(28) и Б.В.(24), двајцата од Скопје. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот, велат од МВР.
Убиството се случило околу 03:00 часот на ул. Македонско-Косовска бригада. Повеќе информации за двојното убиство може да најдете ТУКА.
Бројни полициски сили се на местото на настанот и го испитуваат случајот. Засега не е познат мотивот за убиството. Според информациите на медиумите, напаѓачите се во бегство.