Хроника 20. септември 2020. / 12:50

Познат идентитетот на загинатиот во сообраќајката на патот Неготино – Демир Капија

Познат идентитетот на загинатиот во сообраќајката на патот Неготино – Демир Капија

На 19.09.2020 во 13.50 часот во близина на бензинска пумпа на патот Неготино – Демир Капија, патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Д.(31) од Скопје, излетало од коловозот, информира МВР.

На местото на незгодата починал сопатникот Р.К.(89) од Скопје, а сопатничката М.К.(66) од Скопје се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Неготино.

Увид на местото на незгодата извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициска станица Неготино.