Шеесет и три годишниот П.В. од Волково е велосипедистот кој вчера доцна поладне беше усмртен во скопско Влае.
Од полицијата денес информираат дека несреќата е регистрирана на улицата .„Ацо Шопов“ во Скопје.
-„Фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(46) од с.Сарај, удрило во велосипедистот П.В.(63) од с.Волково. Од здобиените повреди велосипедистот починал на местото на незгодата, информираат од МВР.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје.