Хроника 18. септември 2019. / 11:29

Познат идентитетот на пешакот кој загина при удар од воз

Познат идентитетот на пешакот кој загина при удар од воз

На 17.09.2019 околу 22.00 часот на железничка пруга, пред надвозникот на бул.„Србија“, воз кој сообраќал на релација Битола – Скопје удрил во пешакот Н.М.(31) од Скопје, кој починал на местото.

Лекар констатирал смрт, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.