Хроника 02. јануари 2021. / 12:46

Познат иденитетот на починатaта македонска дипломатка во Њујорк

Познат иденитетот на починатaта македонска дипломатка во Њујорк

38-годишната М.В. од Скопје е дипломатката чие тело беше пронајдена во стан на Менхетн. Полицијата се сомнева дека станува збор за самоубиство, јавува Слободен печат.

Неофицијално, таа страдала од депресија подолго време пред да си го одзеде животот.

Дипломатката е најдена во бањата од својот стан. Живеела сама, а полицијата пронашла и рецепти за антидепресиви и две шишиња мелатонин – едното празно, а другото речиси испразнето.

Според извештајот од Њујорк Пост во нејзиниот дом веднаш по брзата помош пристигнал и македонски дипломат, се претпоставува амбасадорот.

За несреќниот случај денеска стигна и потврда од Министерството за надворешни работи на Македонија,

 Од Постојаната Мисија на Република С. Македонија при ОН во Њујорк пристигна жална вест која нѐ потресе сите, за трагично загубен животот на член на нашата мисија, дипломат од кариера во Министерството за надворешни работи. Во оваа прилика сакаме да изразиме длабоко сочувство до семејство и најблиските, и во име на сите колеги од Министерството за надворешни работи кои изгубија близок пријател и долгогодишен вреден и посветен претставник на дипломатијата, соопштија од МНР.

Од Министерството информираат дека се во постојана комуникација со надлежните институции во САД за сите детали околу трагичниот настан.