Вчера на социјалните мрежи се појави видео на кое две лица (маж и жена) бркаат со сатар еден човек низ ТЦ Лептокарија. Денеска за Плусинфо за целата случка сведочи актерот Милан Тоциновски кој всушнос бил човекот што гобркале овие двајца.
– Не е точно дека не сум ја платил сметката во импровизираниот кинески ресторан во „Лептокарија“, јас не ни нарачав храна, бев нападнат откако дадов неколку забелешки за високата цена на храната и за бавната услуга – сведочи познатиот актер Милан Тоциновски за Плусинфо.
Тоциновски вели дека веднаш по драматичната сцена, отткако успеал да се оттргне од двајцата насилници, од кои една жена, вооружена со сатар веднаш случајот го пријавил во МВР, а во текот на денот се очекува да биде повикан и од надлежен обвинител за да даде исказ за настанот.
Тој вели дека настанот го вознемирил, но дека уште повеќе го испровоцирале информациите дека инциденот бил предизвикан по негова вина и тоа поради неплатена сметка.
Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.