Хроника 18. март 2019. / 20:21

Пожарот на Скопска Црна Гора брзо се шири

Пожарот на Скопска Црна Гора брзо се шири

Се шири пожарот на Скопска Црна Гора. Како што јавува репортерот на ТВ21, моментално зафатена е поголема површина од страната на Куманово, кај местото викано Влајин гроб и полека се шири кон с. Никуштак, с.Виштица и кон с. Матејче во горниот дел од планинскиот превој.

Гори ниска мешана шума и бор, а Противпожарната бригада на Град Скопје добила дојава за пожарот денеска околу 10 часот, по што веднаш испратиле екипи на терен.