Хроника 06. септември 2019. / 09:26

Пожарникарите се уште се борат со огнената стихија на Скопска Црна Гора

Пожарникарите се уште се борат со огнената стихија на Скопска Црна Гора

Пожарот на потегот Страчинци – Брњарци на планината Скопска Црна Гора се уште е активен, информираа утринава за МИА од Противпожарната единица на Град Скопје.

Пожарот избувна вчера попладне и гори нискостеблеста шума. Непристапниот терен и ветарот ја отежнуваа работата на пожарникарите.