Огнот којшто синоќа го зафати трговскиот центар „Глобал“ во центарот на Струмица, им оневозможуваше на пожарникарите да влезат и одвнатре да реагираат, бидејќи според првичните информации, огнот тргнал некаде од задниот влез што се користи за дотур на стока.
Сепак, внатре имале нов проблем. Ниту еден хидрант од повеќето поставени во обејктот не бил во функција, односно немал вода.
Иста е ситуацијата и со хидрантите во градот. Тие се нефункционални. Вентилите на хидрантите во градот не се компатибилни со опремата и стандардите на приклучоците коишто ги користат струмичките пожарникари, па според тоа, и тие се бескорисни.
Ваквите услови ги принудиваат пожарникарите да се враќаат до пожарната и да полнат вода, што ги забавува и трошат драгоцено време.
Објектот, за жал, се уште не е целосно безбеден од нов пожар и ќе мора да се чува уште некој ден. Велат дека ги разбираат реакциите на граѓаните, но, дека е потребно да се запознаени со целата ситуација за да ги согледаат правилно настаните.