Хроника 30. април 2019. / 20:40

Пожарникари го сечеле возилото за да ги извадат патниците од „БМВ“ што се заби во канделабра во Скопје

Пожарникари го сечеле возилото за да ги извадат патниците од „БМВ“ што се заби во канделабра во Скопје

Пожарникари морале да го сечат возилото за да ги извадат патниците во возилото „БМВ“ кое денеска се заби во канделабра на улица „Перо Наков“ во Скопје, пренесува Пресинг.

Пресинг ТВ дојде до фотографии од несреќата кои делуваат стравично.

Возилото било управувано од 34-годишниот А.Ј. од Скопје кое од непознати причини излетало од коловозот и удрило во канделабра на тротоарот.

Со тешки телесни повреди се здобила 16-годишна сопатничка, додека помали повреди здобил возачот.