Хроника 11. декември 2018. / 10:23

Пожар зафати неколку куќи во Гостивар

Пожар зафати неколку куќи во Гостивар

Синоќа околу полноќ избувнал пожар во куќа на улицата „Мара Угринова” во Гостивар во кој нема повредени. Во пожарот изгореле покривите на два објекта и внатрешноста на катот од едниот. Брзата интервенција на пожарникарите, спречила трагедија и потешки последици, со оглед дека во едниот објект спиеле домаќините, а опожарените објекти се наоѓаат во густо населена населба.

Огнот, најверојатно се појавил на покривот во куќата сопственост на  А.Д. (68) и брзо околу полноќ и се проширил на околните објекти.

Во тек е увид, по што ќе бидат познат причините за пожарот и штетата што настанала.