Хроника 24. јануари 2020. / 11:20

Пожар во зоопросторијата на гимназијата „Браќа Миладиновци“

Пожар во  зоопросторијата на гимназијата „Браќа Миладиновци“

Во зоопросторијата на гимназијата „Браќа Миладиновци“ во скопската населба Драчево утринава избувна пожар на кој сè уште интервенираат скопските пожарникари.

Од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје изјавија дека на терен се испратени три возила и оти пожарот е сè уште активен.

Пожарот бил пријавен околу 10 часот.