Во 6:55 часот пожарникарите добиле повик со кој биле известиле дека избувнал пожар во зградата каде што се наоѓаат просториите и на Секретаријатот за европски прашања. Повеќе од 4 противпожарни возила се на терен.
Вработените во Секретаријатот кои пристигнаа први, но не влегоа во зградата, велат дека пожарот започнал на првиот кат и според нив во објектот требало да биде само обезбедувањето. Пожарот е во североисточниот дел на зградата.
Во објектот, со локација на кеј „Димитар Влахов“, во центарот на Скопје, поранешен објект на Комерцијална банка, гори првиот кат каде што е сместен и Државниот инспекторат за животна средина.
Во зградата се наоѓа и Медиумската информативна агенција, а целиот објекет е евакуиран.