Хроника 28. декември 2020. / 15:11

Пожар во Струмица: Изгоре автомобил

Пожар во Струмица: Изгоре автомобил

На улицата „Климент Охридски“ во Струмица денеска во 13:15 часот изгоре автомобил марка „алфа ромео“, соопштија од Територијалната професионална против пожарна единица на Струмица.

Во гаснењето учествувале четворица пожарникари со едно против пожарно возило.

Пожарот е изгаснат, а според информациите од струмичките пожарникари возилото најверојатно се самозапалило и е целосно уништено.