Трактор „Фергусон ИМТ 539“, дрвена конструкција од настрешница, дел од покрив и 700 гајби со јаболка изгореа во пожар во магацин за складирање јаболка со Ресен.
Полицијата вчера околу пладне добила пријава дека во магацинот на ул.,,Мите Трајчевски“ настанал пожар при што биле зафатени и кровната конструкција и куќа во сопственост на И.М. и Ж.М. двајцата од Ресен.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Ресен.