Хроника 06. март 2019. / 11:50

Пожар во Пехчево: Зафатени од пожарот се овошни насади, шума и објекти

Пожар во Пехчево: Зафатени од пожарот се овошни насади, шума и објекти

На 05.03.2019 година во 15:00 часот во СВР Штип било пријавено дека во атар на Пехчево, во близина на место викано „Спиково“, избувнал пожар при што биле зафатени неколку помошни објекти.

Зафатени од пожарот беа и овошни насади, како и поголема површина на нискостеблеста шума и трева.

Пожарот бил локализиран од екипи од Територијалната противпожарна единица Пехчево.