Вчера околу 21.30 часот во с.Прждево, Демир Капија, избувнал пожар во млин за пипер.
Пожарот бил локализиран од екипа од Територијална противпожарна единица-Неготино.
Повредени лица нема. Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денешниот ден.