Хроника 19. мај 2020. / 18:44

Пожар во Маџир Маало – три противпожарни возила го гаснат огнот

Пожар во Маџир Маало – три противпожарни возила го гаснат огнот

Пожар избувна попладнево во приватна куќа во Маџир Маало, позади комплекс на банки.

Командантот на Теиторијалната противпожарна единица на Град Скопје, Владимир Симоновски за МИА изјави дека нивни екипи се испратени на терен. Во моментот пожарот се гасне со три противпожарни возила. Пожарот е пријавен во 17 часот.