Хроника 20. ноември 2018. / 21:09

Пожар во фабриката на Бајруш Сејдиу

Пожар во фабриката на Бајруш Сејдиу

Кумановчани информираат дека фабриката за производство на леб и бели печива „Жито Мел“ гори, а на социјалните мрежи веќе се споделуваат фотографии и снимки од пожарот кој ја зафати фабриката.

Сопственик е Бајруш Сејдиу, а по неговото затворање ја водат членови од неговото потесно семејство. „Жито-мел“ е најголем производител на леб во Куманово и доколку огнот не биде брзо изгаснат, граѓаните стравуваат од опасност градот да остане без леб.