Хроника 31. јануари 2020. / 10:31

Пожар во фабрика за мебел на излезот од Струмица

Пожар во фабрика за мебел на излезот од Струмица

Пожар утрово избувна во погон за производство на мебел лоциран на излезот од Струмица на стариот пат кон Радовиш пред местото Ракиџиски мост.

Патот кон погонот е блокиран од полициски службеници, а пожарникари со неколку противпожарни возила го гаснат пожарот, кој може да се забележи од поголема далечина.

Засега нема информации за повредени или загинати лица, како и за причините за пожарот.