Хроника 09. декември 2018. / 11:52

Пожар во фабрика во кругот на „МЗТ“: За малку ќе изгореле работниците! – интервенира и полиција

Пожар во фабрика во кругот на „МЗТ“: За малку ќе изгореле работниците! – интервенира и полиција

Вчера во 16:25 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје од Бригадата за противпожарна заштита било пријавено дека во кругот на „МЗТ“ во фирма (погон ковачница и заварување) додека вработените работеле, од непознати причини настанал пожар под плочата, при што бил опожарен доводен кабел за струја.

Од страна на екипа од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

На местото на настанот излегле полициски службеници од Полициската станица Гази Баба. Се работи на целосно расчистување на настанот.