Хроника 23. јули 2020. / 15:39

Пожар во Бутел

Пожар во Бутел

Сува трева во моментот гори на полињата после населбата Бутел. Територијалната противпожарна единица на Град Скопје интервенира со три возила и десет пожарникари.

Оттаму за МИА изјавија дека е зафатена поголема површина на сува трева и оти сè уште се работи на гаснење на пожарот. Причините за пожарот засега се непознати.