Пожар попладнево избувна во Скопје. Густиот чад и пламен кој се издигаше над главниот град ги вознемири граѓаните. Од Противпожарната единица потврдуваат дека се гасне пожар кој избувнал во близина на гробиштата во населба Бутел и дека се работи за запалени гуми, пишува Република.
Од таму велат дека пожарникарите се на терен и се интервенира за да се изгасне огнот.