Хроника 01. јануари 2020. / 09:30

Пожар предизвикан од огномет на Бит Пазар, сопственикот пронајден во бесознание

Пожар предизвикан од огномет на Бит Пазар, сопственикот пронајден во бесознание

Пожарникарите околу еден час пред полноќ интервенирале на подрачјето на Бит Пазар каде од пиротехнички ракети настанал пожар. Сопственикот на објектот бил извлечен во бесознание.

-Во 23 часот при дојава за пожар на ул. Крсте Мисирков позади 26 Јули Бит Пазар на тераса од употреба на пиротехнички ракети настанат е ПОЖАР во кој спасен е сопственикот кој беше во бесознание. Веднаш е повикана екипата на Брза Помош која го пренесе повредениот, објавија од скопската противпожарна бригада.