Хроника 16. август 2019. / 12:01

Пожар избувнал во куќа во пехчевско

Пожар избувнал во куќа во пехчевско

Пожар избувнал во куќата сопственост на Б.Џ.(60) во с.Црник-Пехчево. Истиот настанал во кровната конструкција, па се проширил на катот од куќата.

Во 20,40 часот, од екипи на Територијалната противпожарна единица пожарот бил изгаснат. Нема повредени лица, информираат од МВР.

Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.