Пожар кој избувнал поладнево во дворот на основно училиште „Наим Фрашери“ во Тетово каде горела трева, изгаснат е по брзата интервенција на тетовската протипожарна служба.
Родители на ученици информираа дека е забележен пожарот кога доаѓале со децата кои одата во втора смена во училиштето.
– Станува збор за опожарена трева и растенија кои неконтролирано се оставени да пораснат веднаш до училишната зграда. – изјавија родителите.
Од раководството на училиштето информираа дека веднаш по избувнувањето на пожарот биле повикани пожарникари кои го изгасиле огнот.
– Точно е дека избувна оган во дворот во задниот дел од училиштето. Не знаеме како настана пожарот. Веднаш дојдоа од тетовската пожарна и го изгасија огнот. Нема никаква штета по објектот или инфраструктурата, изгоре само тревата во дворот. – информираа од ООУ „Наим Фрашери“.