Хроника 27. август 2019. / 18:53

Повторно се активираше пожарот во велешко

Повторно се активираше пожарот во велешко

Центарот за управување со кризи информира дека пожарот кај селото Ораовец денес повторно се активирал. Истиот вчера беше ставен под контрола, но поради силниот ветер, непристапниот терен и недогаснатите трупци смрека, повторно се активира.

Од РЦУК Велес известени се сите субјекти во СУК, а на терен делуваат повеќе од 50 лица од Противпожарната единица, ДЗС, ЕЛС, Црвен Крст, но поради ветерот тој брзо се шири и тешко се контролира.