Хроника 09. април 2018. / 12:02

Повторно искршени жардиниери на плоштадот во Струмица

Повторно искршени жардиниери на плоштадот во Струмица

Непознати сторители вчера повторно искршиле жардиниери на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица.

Од ЈПКД „Комуналец“ соопштуваат дека е извршена санација на штетата, а искршените жардиниери се заменети со нови. Додаваат дека се преземаат мерки за откривање на сторителите.

Од почетокот на годината зачести уништувањето на урбаната опрема во Струмица, а сторителите досега не се пронајдени.