Хроника 09. јануари 2021. / 21:00

Повредено едно лице во сообраќајка на патот Струмица – Радовиш

Повредено едно лице во сообраќајка на патот Струмица – Радовиш

Едно лице е повредено во сообраќајката што се случи во 18:10 часот на патот Струмица-Радовиш, кај селото Сулдурци.

Информацијата ја потврди заменикот портпаролот на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека во сообраќајката учествувале два автомобила.

Заради несреќата сообраќајот на патот Струмица-Радовиш беше во прекин повеќе од два часа и се пренасочуваше по стариот пат.