Хроника

Повредено е едно лице при сообраќајка помеѓу трактор и автомобил

Повредено е едно лице при сообраќајка помеѓу трактор и автомобил

Едно лице било повредено вчера при сообраќајка помеѓу трактор и патнички автомобил во неготинско, информира денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Сообраќајната незгода била на регионалниот пат Неготино – село Лакавица.

– Тракторот марка „ИМТ 539“ со неготински регистарски броеви бил управуван од Ж.П.(65) од село Пепелиште неготинско, а патничкиот автомобил марка „фолјсфаген голф“ со неготински регистарски броеви го управувал Г.Г.(40) од Неготино, појаснува Додевски.

Во незгодата бил повреден возачот на тракторот и тој по укажаната медицинска помош во Општата болница – Неготино, заради карактерот на повредите, бил пренесен на лекување во Ургентниот центар – Скопје.

Увид на местото на настанот изврши екипа од ПС ОН Неготино.

МИА