Хроника 28. мај 2020. / 10:53

Повредено 22-годишно момче во судар на автомобил и мотор

Повредено 22-годишно момче во судар на автомобил и мотор

Дваесет и двегодишно момче од Скопје е тешко повредено доцна синоќа, кога со својот мотор се судрил со автомобил на крстосницата од ул. Бертранд Расел и ул.Николај Островски во Скопје.

По незгодата со возило на итна медицинска помош М.Б. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.