Хроника 05. март 2020. / 18:04

Повредениот 50-годишен човек во сообраќајка во Велес

Повредениот 50-годишен човек во сообраќајка во Велес

Повредениот во сообраќајката што попладнево се случи во Велес се здобил со лесни повреди. Укажана му е лекарска помош во Општата болница во Велес.

Како што информираа од Службата за итна медицинска помош при Здравствениот дом во Велес, станува збор за 50-годишен маж кој се здобил со посекотина на фронталната коска над десното око.

Собраќајната незгода се случи во 14.40 часот кај Трговскиот центар меѓу автомобил и мопед при што повреден е возачот на мопедот.

Полицијата ги утврдила причините за сообраќајката незгода – информира портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.