Хроника 01. ноември 2019. / 10:56

Повредени тројца скопјани во трафостаница

Повредени тројца скопјани во трафостаница

Тројца скопјани вчера завршиле на болничко лекување откако се повредиле на работа.

Според полицијата, вчера утро од дежурен лекар во комплекс клиники „Мајка Тереза’’ било пријавено дека кај нив се донесени повредените С.М., А.Ј. и Н.Г.. Тие се здобиле со повреди додека изведувале работни задачи на трафостаница на улицата „Трета македонска бригада“.

Од полицијата велат дека е извршен увид и се работи на расчистување на случајот.