Хроника 24. август 2020. / 21:16

Повредени три лица во сообраќајка на „Партизанска“

Повредени три лица во сообраќајка на „Партизанска“

Tри лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи вечерва на крстосницата на булевар „Партизански одреди“ и булевар „8 Септември“ во Скопје, соопшти МВР.

Во сообраќајната незгода учествуваа три возила Мерцедес, Хонда и БМВ, сите со скопски регистарски таблици. Повредени се три лица, велат од МВР.

Двајца од повредените се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, а еден во болницата „Свети Наум Охридски“.