Хроника 23. октомври 2020. / 11:30

Повредени две лица при судир на возило и воз кај Радуша

Повредени две лица при судир на возило и воз кај Радуша
Архива

На 22.10.2020 во 17,15 часот било пријавено дека на  пругата помеѓу железничката станица  „Радуша“ и железничката станица „Јегуновце“ се случила незгода помеѓу патничкиот  воз кој сообраќал на релација Скопје – Кичево и товарно моторно возило “форд транзит“ со скопски регистарски ознаки,  управувано од Ф.Ќ.(44) од Тетово.

Во незгодата возачот и сопатникот М.А.(56) од Тетово се здобиле со повреди констатирани во Клиничката болница Тетово.

Извршен бил увид на местото на настанот.