Хроника 01. јуни 2020. / 17:20

Повредени двајца возачи во сообраќајка на патот кон гробиштата Раштани кај Велес

Повредени двајца возачи во сообраќајка на патот кон гробиштата Раштани кај Велес

Попладнево околу 15:30 часот се случи сообраќајка несреќа меѓу две патнички возила на патот пред гробиштата Раштани кај Велес, при што се повредени две лица.

На местото на настанот е екипа на Итната медицинска помош и увидна полициска екипа, потврди Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.

Како што информира д-р Страхил Тодоров, портпарол на ЈЗУ Здравствен дом Велес, во сообраќајка на две патнички возила со повреди на колената се здобиле двајцата возачи кои биле сами во возилата.

На повредените им е укажана им прва помош, по што биле имобилизирани и транспортирани во Ургентниот центра при велешката Општа болница.