Хроника 12. февруари 2019. / 11:55

Повреден работник на утоварна машина

Повреден работник на утоварна машина

Работник добил скршеница на нога при пад на утоворна машина откако загубил контрола.

Несреќата се случила вчера во селото Топлица, вчера околу 15 часот.

Педесет и девет годишниот Н.Ј. од Долна Бањица работејќи со утоварната машина (јумба) во близина на бензинска пумпа изгубил контрола над машината, и паднал. При тоа, машината продолжила да се движи и со предниот дел удрила и го оштетила агрегатот за електрична енергија на бензинската пумпа.

Повредениот Н. Ј., по укажаната помош во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад”, пренесен е на скопските клиники.

Извршен е комплетен увид и се расчистува случајот. /МИА