Прилепчанец се здобил со повреди откако вчера попладне се обидувал да го изгасне пожарот во неговата плевна.
МВР информира дека околу 18.00 часот во СВР Битола било пријавено дека настанал пожар во плевна, сопственост на 69-годишниот Т.Д. од селото Вашарејца, општина Могила.
Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола.
При обид за гасење на пожарот, со повреди се здобил Т.Д. и бил пренесен во болницата во Битола.
Извршен е увид.