Хроника 15. May 2019. / 19:18

Потресно сведоштво на очевидец за трагедијата во Драчево

Потресно сведоштво на очевидец за трагедијата во Драчево

Страшна вест одекна синоќа во Скопје кога на булеварот „Борис Трајковски” во 23:40 часот се случи сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 44-годишниот М.Ј. од Скопје и патничко возило „Рено 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот Ј.Л. од Скопје.

Во незгодата возачот Ј.П. и сопатниците возилото „Рено“, С.Н., А.Т.(54) од Скопје, Е.Т.(37) од Скопје и И.А.(40) од Скопје починале на местото. Додека, возачот М.Ј. се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција, информираат од МВР.

Очевидец на несреќата раскажува за А1.он, дека сликата вчера била траорна.

– Кога стигнав овде, синоќа патот беше блокиран, имаше многу полициски возила, страшна беше сликата. Загинатите веќе беа починати и покриени со чаршави. – изјави скопјанецот за А1он, додавајќи дека големата брзина била причина за несреќата која заврши кобно.

Вели во Драчево често има вакви случки и не се почитуваат правила.

– Кон Драчево се вози многу брзо, ретко кој почитува сообраќајни знаци, никој не врзува појас. Овде спас е на секои 50 метри да има полиција, за да не ни се случуваат вакви работи. – рече тој за А1.он.