Хроника

Поранешниот директор на Тутунски комбинат Прилеп заработи кривична

Поранешниот директор на Тутунски комбинат Прилеп заработи кривична

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп до Основнотo јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против А.Д. (48) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, казниво по член 353 став 1 и став 3 од Кривичниот Законик на Република Македонија.

„Во текот на 2013 и 2014 година пријавениот, во својство на генерален директор на АД „Тутунски комбинат“-Прилеп, договорил набавка на 110.160 килограми тутун од индиско потекло и наредил нејзина исплата преку фирмата „Универзал – лиф тобако компани“ без да биде донесена одлука од страна на одборот на директори и без склучување на договор за набавка со добавувачот. И покрај тоа што пред приемот на тутунот, со дегустација на испратените мостри од соодветни лица имало забелешка дека тутунот отстапува од тежината и влагата, од страна на пријавениот понудата била прифатена. При пристигнување на тутунот била сочинета приемница, а во текот на 2014 година било извршено плаќање кон добавувачот во вкупен износ од 15.926.209 денари“, велат од МВР.

При извршената ревизија од страна на секторот за внатрешна ревизија за постапката за набавка на тутунот со индиско потекло и ревизија за продажба на режан тутун во 2012, 2013, и 2014 година биле констатирани поголем број забелешки околу набавката на 110.160 килограми тутун во текот на 2013 година, кој се наоѓал во магацините и не бил искористен при извозот на режан тутун за Албанија. Неискористувањето на предметниот тутун предизвикало поскапување заради негово одржување и пропаѓање поради губење на квалитет со што била предизвикана штета на Комбинатот. Со овие дејствија пријавениот предизвикал материјална штета од 15.926.209 ден.