Во полициската станица во Прилеп ноќеска во 1 часот, Б.М (36) пријавил дека на 8 ми април додека пешачел по улицата ,,Лазо Филиповски” околу 19 часот го пресретнало патничко возило ,,Југо”, во кое бил И.Р (37) заедно со уште едно лице.
Тие излегле од возилото и почнале да му се закануваат на Б.М. во врска со статус на „Фејсбук“ кој тој го напишал за И.Р., по што физички го нападнале.
Б.М. успеал да избега и влегол во една од куќите во близина. По него во куќата влегле и двете лица и продолжиле да го удираат, а И.Р. му побарал пари, му го одзел пасошот и му рекол да извади се од џебовите.
Сопственичката на куќата рекла дека ќе повика полиција и во тој момент напаѓачите си заминале.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.