Хроника 21. август 2020. / 18:39

Поради сообраќајка пренасочен сообраќајот на патот Прилеп – Ресен

Поради сообраќајка пренасочен сообраќајот на патот Прилеп – Ресен

Поради сообраќајна несреќа, од 17.30 часот се пренасочува сообраќајот на патот Прилеп – Ресен, од  бензинската пумпа „Лукоил“ до клучка Братиндол.

Автомотосојузот на Македонија соопшти дека попладнево интензитетот на сообраќајот на државните патишта надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.