Хроника 18. декември 2020. / 12:04

Полуголи вежбале јога среде центар на Скопје, полиција ги избркала од студиото

Полуголи вежбале јога среде центар на Скопје, полиција ги избркала од студиото

Среде центарот на Скопје, синоќа инспекторите и полицијата здружено влегле во јога студио каде имало повеќе од 25 лица што полуголи вежбале јога и го затвориле студиото, тврди за Слободен печат директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски.

– Полицијата ги избрка од јога студиото. Тие си мислеле дека може да работат до 24 часот, но јасно е со мерките и препораките за заштита во време на пандемија дека тоа не е така, ни изјави Пауновски.