Хроника 29. јуни 2020. / 11:52

Полицијата вчера апсеше дилери низ Скопје

Полицијата вчера апсеше дилери низ Скопје

На 28.06.2020 во 17.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Александар Македонски“ го лишиле од слобода М.В.(34) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 28.06.2020 во 23.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба ја лишиле од слобода В.Р.(34) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај неа била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.