По промената на името, неколкумина граѓани, во очај, протестираат пред Собранието.
Таму се и артистите од познатиот скопски хип хоп состав, Пука Козметика.
Додека одеше во Живо, полицијата го тепаше и приведе Жарко од овој познат бенд. Иако тој не беше насилен.
За настанот преку соопштението информираат и од Министерството за внатрешни работи.
На 11.01.2019 година околу 21,20 часот на улицата “Димитрие Чуповски“ во близина на Порта Македонија, едно непознато лице физички нападнало полициски службеник. Лицето било приведено, но пред да биде внесено во службено возило дошло друго лице, кое исто така физички нападнало полициски службеник. Двете лица се приведени во Полициската станица Центар и било утврдено дека станува збор за Д.М.(35) и Ж.М.(35) од Скопје. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопштија од МВР.