Хроника 14. јуни 2018. / 11:59

Полицијата казнила 65 возачи за брзо возење

Полицијата казнила 65 возачи за брзо возење

Полицијата санкционирала и 13 возачи кои користеле мобилен телефон додека возеле. Според СВР Скопје, на скопските улици се случиле осум сообраќајни несреќи во кои четири лица биле потешко повредени, а полесно биле повредени шест лица.

Полицијата од сообраќај исклучила 13 возачи кои возеле без положен возачки испит, и четворица возачи – почетници. Со истечена сообраќајна дозвола биле 20 возачи, а едно возило било неисправно. Казнети биле пет возачи кои поминале на црвено светло, а двајца не им дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин.

Според полицијата, 104 возила биле непрописно паркирани возила, а со специјалното возило „пајак“ биле подигнати се 61 возило. Кај пешаците, осум поминале надвор од пешачки премин, а шест поминале улица на црвено светло.